Хрватска снег / Фото: Индекс.хр

ФОТО | Снег затрупа автопатишта во Хрватска – на граѓаните им стигна предупредување

Хрватска ja зафати снежен бран со силни ветришта, а автопатот во Горски котар е затрупан со снег, поради што на терен интервенира зимската служба. Хрватскиот автоклуб (ХАК) објави посебни предупредувања за возачите, пренесуваат хрватските медиуми.

На граѓаните утринава во шест часот им беше испратена порака од Цивилната заштита со повик на претпазливост поради обилните снежни врнежи и линк за следење на состојбата.

Зимски услови владеат на дел од патиштата во Горски котар и Лика. На крајбрежјето дува силен ветер, поради што се воведени забрани за одредени категории возила. Целосно е запрен сообраќајот за камиони со приколки и шлепери.

Чистењето и посипувањето на коловозите е во тек на повеќе делници, а на некои патишта сообраќајот се одвива забавено поради присуство на возила на зимската служба.

Возачите се предупредуваат да возат внимателно, да одржуваат безбедно растојание и да не тргнуваат на пат без зимска опрема.

Според прогнозите, денес во Хрватска се очекува нестабилно, ветровито и значително постудено време, особено во внатрешноста. Ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд и поројни дождови со грмежи, додека на Јадранот локално се очекуваат обилни врнежи.

Во внатрешноста дождот на места ќе преминува во лапавица, а на планинските предели во снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот