ФОТО: Славната актерка се породи дома, во базенот

Profimedia

Славната актерка, Хилари Даф, се породи природно и го роди своето трето дете.

Имено, таа се породила по природен пат, и тоа во својот дом во базенот, а нејзиниот сопруг цело време присуствувал на породувањето. По породувањето, актерката се фотографирала со своето семејство, а заедничката фотографија веднаш ја споделила со своите следбеници на Инстаграм.

„Меј Џејмс Беир, те сакаме убавице“, напишала кратко Хилари покрај фотографијата.

Hilari Daf

                                                                             Инстаграм

Потоа споделила уште неколку фотографии од новороденото бебе држејќи го во рацете.

Hilari Daf

 

Hilari Daf

И покрај пандемијата на коронавирусот, Хилари имала т.н. „дарување за бебето“ (baby shower), каде со најблиските ја споделила среќата поради доаѓањето на новиот член во нивното семејство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот