Фото: Pixabay

ФОТО | Скандал без преседан – тоалетна хартија со мотиви од руски православни храмови

Руската православна црква се огласи по појавувањето на тоалетна хартија со мотиви од Спаската кула и од Храмот на Свети Василиј, оценувајќи го тоа како апсолутно неприфатливо.

Од Црквата ја поддржаа и парламентарната истрага на државното обвинителство против компанијата што ја произведува оваа тоалетна хартија.

Претходно, пратеникот на Државната дума, Михаил Матвеев, на својот канал на „Телеграм“ објави фотографија од неговото барање до генералниот обвинител Александар Гуцан за истрага против компанијата „Тверски папир“ поради дискредитирање на државните институции и навреда на верските чувства.

Компанијата произведува тоалетна хартија „Московскаја“, на чијашто амбалажа се наоѓаат слики од Храмот на Свети Василиј и од Спаската кула.

„Тешко ми е да проценам дали е ова глупост или провокација, но на ниту една ментално здрава личност никогаш не би ѝ паднало на памет да печати цркви на тоалетна хартија. Се надевам дека барањето на пратеникот, кое го поддржувам, ќе биде темелно истражено“, изјави за РИА Новости Вахтанг Кипшидзе, заменик-претседател на Синодалниот оддел за односи на Црквата со општеството и медиумите.

Митрополитот Калушки и Боровски, Климент, шеф на Издавачкиот совет на Руската православна црква, во разговор за РИА Новости нагласи дека прикажувањето свети симболи на тоалетна хартија е неприфатливо.

„Се разбира, ова е неприфатливо. Кремљ, Успенскиот собор и Соборот на Свети Василиј се наша светост. Мора да знаеме каде и што може да се прикажува. Второ, колку што знам, прикажувањето на Кремљ бара посебна дозвола. Надлежните органи треба да се позанимаваат со ова“, изјави митрополит Климент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот