ФОТО | Сите гледаат во еден детаљ на раката на Меган Маркл: Покажа како се бори против стресот и несоницата

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Додека принцот Хари (38) поради деловни обврски деновиве е во Јапонија, неговата сопруга Меган Маркл (42) е уловена во есенски стајлинг недалеку од нивниот дом во Монтесито.

Меган сака да носи луксузни парчиња, не е тајна, но она што загрижи бројни обожаватели е токму она што го има на левата рака. Војвотката носела необична сино-бела налепница.

Фото: BACKGRID/ Backgrid USA/ Profimedia

Станува збор за производот „Диск за обработка на биосигнал НуКалм“ (NuCalm Biosignal Processing Disc)алатка која треба да помогне во ослободување од стресот и подобрување на квалитетот на сонот,  странските медиуми.

НуКалм го опишува дискот како „далечински управувач за мозокот“, а станува збор за налепници за еднократна употреба кои доаѓаат во пакувања од 20 или 100 парчиња.

Фотографиите од производот можете да го погледнете ТУКА.

„Секој диск за обработка на биосигналот содржи електромагнетни фреквенциски обрасци на ГАБА за да испорача чист биосигнал до вашето тело“, пишува на страниците на производот.

„Кога ќе се постави на внатрешниот дел од левиот зглоб, на акупунктурната точка Перикардиум-6, дискот за обработка на биосигналот испраќа сигнал директно до перикардијалната обвивка, која е богата со автономни нервни влакна, кои потоа пренесуваат сигнали до вашиот мозок“, се додава на веб-страниците.

Ова го започнува процесот на зголемена активност на нервот вагус. Ги забавува клеточните активности и „прекумерното активирање на невроните“. Со тоа се подготвува телото да се опушти и се покренува процесот на „забавување на телото“.

Фото: Принтскрин/ Whatmeghanwore.net

Дискот се користи во комбинација со апликацијата, а првенствено е насочен кон намалување на стресот и подобро спиење без користење таблети. Станува збор за релативно нова технологија што ја користи и американската војска, спортските тимови, но се користи и во медицинските терапии.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот