ФОТО | „Сите дигнаа раце од мене“: Српскиот актер Милан Васиќ се ожени на 46 години
Српскиот актер Милан Васиќ се ожени на 46 години со својата избраничка Маја. Тој ја сподели убавата вест на својот инстаграм-профил, каде што доби многу честитки.
Препорачано
„Господин и госпоѓа Васиќ“, стои во описот на фотографијата од нивната венчавка, која ја направи фотографот Марко Арсиќ.

Да потсетиме, Милан еднаш изјави дека неговите родители „дигнале раце“ кога станува збор за неговата женидба.
„Моите родители постојано ме прашуваа: ‘Кога ќе се ожениш конечно, што чекаш?!’ Но, како што минуваа годините, некако престанаа да зборуваат за тоа. Дигнаа раце од мојата женидба, па тоа веќе не им беше на ум, престанаа и да прашуваат и да размислуваат за тоа.“
Меѓутоа, судбината имала поинакви планови.
„Ако Бог рекол да биде, ќе биде, ако не… Јас би сакал да се оженам и да имам деца, ама не можам на сила. Другари ми велат направи дете, па како да направам дете, не е тоа само да го направиш и толку. Дете се прави од љубов. Денес бракот веќе и не постои. Сè е во довербата“, изјави тој во емисијата „Ексклузив“ и додаде: „Кога можев да се оженам – не сакав, а сега кога сакам – не можам.“


