Енди Бајрон и Кристин Кабот / Фото: Принтскрин/Икс

ФОТО | „Симпсонови“ ја предвидоа прељубата на директорот и вработената на концертот на „Колдплеј“?

Снимката од аферата на директорот на американската компанија Енди Бајрон со неговата колешка Кристин Кабот на концертот на „Колдплеј“ е сè уште актуелна тема, а постои и тврдење дека „Симпсонови“ го предвиделе овој инцидент.

Ноќта полна со музика и забава се претвори во вирален скандал кога концертот на „Колдплеј“ во Бостон доби неочекуван пресврт. Во текот на настапот, камерата поминуваше низ публиката на стадионот „Жилет“, а Крис Мартин, главниот пејач, беше во центарот на сцената.

Во еден момент, камерата застана на маж и жена, кои вљубено и прегрнати се нишаа во ритамот на музиката – на нивна несреќа. Мажот „побегна“ што е можно побрзо, т. е. се спушти под „радарот“, додека жената со рацете го сокри лицето. Се испостави дека двајцата се во брак, дека тој е Енди Бајрон, извршен директор на моќната американска компанија „Астрономер“, а таа е неговата колешка, директорката за човечки ресурси Кристин Кабот.

 


Останатото би било историја ако видеото со брзина на светлината не станеше вирално.

Инцидентот, наречен „Колдплејгејт“ (ColdplayGate), предизвика широки контроверзии и мемиња, при што многумина ја доведуваат во прашање врската на двојката и етиката на работното место. Исто така, тоа покрена и бројни теории, вклучувајќи го и тврдењето дека „Симпсонови“, познати по своите пророштва, го предвиделе овој скандалозен инцидент.

Оваа теорија се фокусира на епизодата „Бакнеж бакнеж“ (Kiss Kiss) од 28-та сезона, каде што Хомер и Марџ се појавуваат пред камера како се бакнуваат на бејзбол натпревар, при што Хомер првично се чувствува непријатно пред да ја бакне Марџ. Снимката од екранот на која се прикажани двата лика во слична поза како онаа на Бајрон и Кабот стана вирална, а многу обожаватели тврдат дека серијата повторно предвидела настан од реалниот живот.

„Дали постои нешто што Симпсонови не го знаат! Тајната афера на извршниот директор за технологија Енди Бајрон со шефицата за човечки ресурси Кристин Кабот беше откриена на концерт на ‘Колдплеј’ и интернетот го направи своето“, пишувало во една објава.

 

Која е вистината?

Откако тврдењето стана вирално, многу корисници ја доведоа во прашање неговата автентичност и побараа потврда дали „Симпсонови“ ја претставија аферата од концерт на „Колдплеј“ во една епизода. Се испоставило дека фотографиите што кружат се генерирани со помош на вештачката интелигенција и дека не се од серијата. Неколку веб-страници нудат алатки базирани на вештачка интелигенција за трансформирање на фотографиите во уметнички дела во стилот на „Симпсонови“, кои можеби биле користени за создавање лажна слика.

Шоуранерот Ал Џин, исто така, ја отфрли идејата за предвидувања, велејќи: „Ние пишуваме сатира, а не пророштво. Секоја сличност е чиста среќа“.

Во меѓувреме, Бајрон поднесе оставка од функцијата извршен директор (СЕО) на компанијата „Астрономер“.

Се огласи и човекот кој тврди дека бил камерман

На крајот, се огласи и  „главниот виновник“ – снимателот, односно човекот кој тврди дека токму тој ги снимал прељубниците.

– Снимив пар на концерт на „Колдплеј“, директорот и неговата љубовница, и воопшто не се каам за тоа. Си ја вршев својата работа и му покажав на светот што се случува на трибините во текот на еуфоријата на концертот. На здравје! – рекол Мајк Глејзер, кој инаку е комичар.

Фатен на дело: Суспендиран директорот на „Астрономер“ по аферата на концертот на „Колдплеј“!

ВИДЕО | Прељубникот од концертот на „Колдплеј“ даде оставка од фирмата „Астрономер“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот