ФОТО | Симона Поповска го прослави 32. роденден: Се чувствувам помладо во срцето со секоја прегратка од моите момчиња

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

Македонската пејачка Симона Поповска вчера (27 март) го прослави нејзиниот 32. роденден во кругот на семејството.

Како и секогаш, така и оваа година, пејачката го одбележа овој ден со впечатлива роденденска торта, а нејзините синови, двегодишниот Никола и едногодишниот Стефан, ѝ помогнаа да ги дувне свеќите.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

„Го прославувам мојот посебен ден со двата најголеми подароци кои животот ми ги подари.

Додека дувам свеќички за уште една година, благодарна сум за овие моменти, повеќе од кога било.

Да наздравиме за уште една година како нивна мајка и за сите авантури кои доаѓаат со тоа.

Да наздравиме за тоа што сум една година постара, но се чувствувам помладо во срцето со секоја насмевка и прегратка од моите момчиња“, напиша таа во описот на фотографиите од роденденската прослава.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

Исто така, Поповска ја покажа и роденденската честитка од нејзиниот постар син.

„За најслатката мајка. Среќен роденден! Од Никола“, пишува на картичката, на која има отпечаток од малото раче на нејзиното синче.

Фото: Инстаграм/Симона Поповска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот