ФОТО | Сидни Свини позираше целосно гола – сцените од „Еуфорија“ ги шокираа гледачите
Американската актерка Сидни Свини повторно ја шокираше публиката. Во последната епизода од серијата „Еуфорија“ таа позираше целосно гола и предизвика лавина од реакции.
Препорачано
Втората епизода од третата сезона од популарната серија продолжува да ја истражува приказната за нездравата врска помеѓу Кеси (Сидни Свини) и Нејт (Џејкоб Елорди).
Кеси објавува содржина на „Онлифанс“ и се обидува да заработи буџет за свадба. Во една компромитирачка поза, Кеси го лиже стопениот сладолед што ѝ капе по градите. Друга сцена ја покажува Кеси како позира целосно гола, носејќи само бејзбол капа.
Ова не е првпат Сидни Свини да ги шокира гледачите со смели сцени, а многумина веруваат дека таа ги преминала сите граници во последната сезона на „Еуфорија“.
„Дали оваа жена ќе престане да се понижува?“; „Ова е толку жално“; „Очајно привлекувјќи внимание нема да те направи добра актерка“; „Дното на серијата“, се некои од коментарите на Икс.
Но, таа не гледа ништо спорно во голотијата. Претходно изјави дека во Холивуд постои двоен стандард каде што актерите можат да снимаат голи сцени и да освојуваат Оскари, додека на актерките им се замерува.
Фотографиите можете да ги видите ТУКА.
Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми на филм: „Премногу е секси, сосема е погрешен избор“


