ФОТО | Сидни Свини никогаш попровокативна: Актерката позираше целосно гола инспирирана од Мерилин Монро
Атрактивната актерка Сидни Свини позираше целосно гола за насловната страница на годишното издание на списанието „Даблју“, а фотографиите инспирирани од Мерилин Монро никого не оставија рамнодушен.
Препорачано
Со овие жешки фотографии младата ѕвезда ги прослави своите улоги во неодамнешните филмски хитови „Слугинката“ и „Кристи Мартин“, пишува „Пипл“.
На смелите фотографии, Свини носеше само гламурозен ѓердан од „Шопард“. Нејзината руса боб фризура, која првпат ја покажа на црвениот тепих во октомври, беше стилизирана во винтиџ кадрици кои потсетуваат на иконскиот изглед на Мерилин Монро.
View this post on Instagram
Се чини дека актерката моментално е фасцинирана од златното доба на Холивуд, со оглед на тоа што на премиерата ба филмот „Слугинката“ таа носеше и бел фустан што потсетуваше на познатата сцена од „Чешањето на седмата година“ .
Сидни му се заблагодари на фотографот Тајрон Лебон на Инстаграм и го нарече неверојатен.
„Најубавата жена на светот“; „Прво фотосесија оваа година и веќе го сруши интернетот“; „Совршена си“, „Изгледаш како Мерилин Монро“, беа некои од коментарите на нејзиниот инстаграм-профил.
Непримерно или смешно? Коментарот на Илон Маск за градите на Сидни Свини ги шокираше сите


