Сер Бенџамин Слејд/Фото: Принтскрин/Икс

ФОТО | Шокантни услови на 79-годишен аристократ кој бара сопруга: Ѝ нуди 58.000 евра годишно, но таа мора да роди 2 сина, да има свој грб и пушка

Сер Бенџамин Слејд, 79-годишен барон, веќе со децении активно бара нова сопруга, најмалку 20 години помлада од себе, која би му родила наследник. Во потрагата по идеална партнерка, тој користел Тиндер, објавувал огласи во весници, па дури и глумел во серија.

Сер Бенџамин Слејд е баронет кој потекнува од кралот Чарлс Втор и верува дека има потреба од машки наследник.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMJUSTBAIT (@imjustbait)


За својата идна сопруга, аристократот Бенџамин составил список на необични правила и барања. Тој истакнува дека бара жена способна да управува со два замоци, имоти и мочуриште со тетреби, како и која може да роди два сина. Тој би ѝ понудил годишна плата од околу 58.000 евра со бонуси, покривајќи ги сите трошоци како што се автомобил, куќа, храна, годишни одмори и друго, иако би сакал да поседува и „малку приватен капитал и приход“. Бенџамин се надева дека ќе биде образувана во правото и сметководството, иако тоа не е услов.

Баронот, исто така, сака таа да биде добра танчарка во сала и смета дека е корисно да има дозвола за хеликоптер, како што пренесува „ЛАДБајбл“ (LADBible). Тој нема ништо против жени од Канада, Америка, Германија и северна Европа, но конкретно не сака сопруга од земји чии имиња почнуваат на буквата „И“ и чии знамиња имаат зелена боја, како и од Шкотска. Покрај тоа, тој бара жена која не е Скорпија во хороскоп, не чита „Гардијан“ и не е од земја каде што во зима не се носат палта. Пожелно е таа да игра бриџ, табла, да решава крстозборки, да е физички активна и да знае да плива. Еден од условите е и таа да мора да живее со него седум години за да може да ѝ го остави имотот ослободен од данок. Другите барања вклучуваат дозвола за пушка, поседување грб, апстиненција од дрога и алкохол и висина од најмалку 168 сантиметри.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот