ФОТО | Шокантна трансформација на поранешниот сопруг на Бритни Спирс: Не е од одмазда, имам повеќе време за себе

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс, Сем Асгари откри дека поминал низ голема трансформација по разделбата со пејачката. Тој тврди дека во изминатите пет месеци изгубил 20 килограми, а според фотографиите објавени на социјалните медиуми, Асгари изгледа послабо од кога било, пишува „Пејџ сикс“.

„Понекогаш кога ќе се најдете во ситуација да не сте толку фокусирани на себе, може да ви биде тешко да ги забележите вашите физички промени кои сите ги забележуваат – изјави Асгари.

Фото: Instagram / samasghari

Тој додаде дека неодамна поминал низ „духовна и енергична промена“.

„Имам повеќе време за себе и повеќе се фокусирам на себе“, објасни тој.

Вели дека, да се биде сам е навистина добра можност поединецот да се фокусира на себе. Асгари додаде дека и покрај тоа што трансформацијата следи по неговото бурно разделување со поп-ѕвездата, вели дека тоа „не е од одмазда, туку од љубов кон себе“.

Фото: Instagram / samasghari

И покрај тоа што ја покажа својата одлична фигура на фотографиите за најновата кампања за посвојување животни на ПЕТА, Асгари не планира да го покаже своето ново тело на „нови романтични партнери“.

Фото: Instagram / samasghari

„Моментално сум фокусиран на работата. Дефинитивно нема да се приклучам на ниту една апликација за запознавање наскоро. Тоа е сигурно“, истакна тој.

Фото: Instagram / samasghari / peta

Инаку Асгари и Спирс, почнаа да се забавуваат во 2017 година, а се запознаа на снимањето на видеото за „Slumber Party“. Пред да се разделат, тие беа во брак една година. Иако овие поранешни љубовници не открија јавно зошто се разделиле, тогаш се шпекулираше дека неверството и злоупотребата имаат врска со нивната разделба.

ВИДЕО | Нов документарец за Бритни Спирс открива бизарни детали од животот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот