ФОТО | Северина во ист ресторан на Корчула со славните холивудски фаци, едниот ја измеркал

Фото; Принтскрин/ Инстаграм

Холивудските ѕвезди веќе извесно време летуваат во Хрватска. Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во моментот со пријателките е на одмор на Корчула, а топлите летни денови ги поминуваат на островот Врник.

Додека престојувале на Корчула во меѓувреме со јахта пристигнале и славните холивудски ѕвезди.

Северина сподели неколку објави на Инстаграм на кои може да се види како руча во истиот ресторан како Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок, Ванда Сајкс, Саша Барон Коен и раперот Шон Комбс, во јавноста познат како Пи Диди.

Станува збор за ресторан на островот Врник, недалеку од Корчула. Северина дошла на вечера со пријателките, а на масата спроти нив седеле холивудските фаци. Една од пријателките на пејачката ја снимила Северина како поминува покрај нивната маса и ја поздравува познатата екипа.

„Здраво, здраво“, рекла Северина. На нејзиниот поздрав, актерите се свртеле и ја поздравиле, додека П. Диди ја измеркал од глава до петици.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Поздрав, Паф Диди, Метју Меконахи, Вуди Харелсон, Крис Рок…“, напишала нејзината пријателка со видеото.

Сплитската пејачка подоцна се пофали со автограмот од Вуди Харелсон, што го добил нејзиниот син.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пријателката на Северина, сплитската фотографка Соња Дворник, се фотографираlа со актерите и се пофали со фотографиите на својот инстаграм-профил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Криза или добар маркетинг: Северина „топлес“ ја најави својата летна турнеја

ВИДЕО | Матурска забава: Погледнете како изгледала Северина на 19 години

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот