ФОТО | Северина изненадена среде настап: На сцената од публика ѝ фрлија нешто што не очекуваше

Фото: Instagram / severina

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ викендов одржа концерт во Минхен, а во текот на настапот доживеа мала незгода. Имено, на Северина ѝ се скинаа панталоните додека изведуваше еден од нејзините хитови.

Таа брзо реагираше, а членовите од нејзиниот тим веднаш ѝ помогнаа. Тие ѝ дадоа сако за да се покрие и ги залепија панталоните со селотејп.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Покрај оваа мала незгода, Северина на својот Инстаграм покажа и дека за време на концертот една обожавателка ѝ фрли црвена висока потпетица и фломастер на сцената со надеж дека пејачката ќе го потпише нејзиниот автограм. И тоа се случи.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Овој креативен потег на обожавателката ѝ се допадна на Северина, па таа се потпиша на чевелот и на шега истакна дека сега повторно ќе мора да го отпее нејзиниот хит „Моја штикла“ бидејќи првиот пат била зафатена со давање автограми.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

А, на нејзините обожаватели им беше симпатично како, додека Северина се обидуваше да го земе фломастерот од подот, внимателно се наведна за да ги скрие залепените панталони.

ФОТО+ВИДЕО | Каков малер! На Северина ѝ пукнаа панталоните на незгодно место среде настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот