Фото: Принтскрин / Фејсбук

ФОТО | Семејство од Кентаки засолни новородено теле од екстремниот студ, спиеше со дечињата во дневната соба

Семејството Сорел од Кентаки кое се бори со ниските температури на нивната фарма го отвори својот дом за новородено теле кое се бореше со студот, пренесуваат американските медиуми.

Часови подоцна, добро нахранетото и исушено теле седело на каучот до двете деца на семејството. Нивната мајка, Мејси Сорел, направила неколку фотографии и ги објавила на социјалните мрежи.

Телето се родеило на фармата на температури кои паднале повеќе од 10 степени под нулата. Мејси вели дека нејзиниот сопруг, Танер, излегол да ја провери кравата и го нашол телето како се бори со студот.

Фото: Facebook / FOX19

– Беше премрзнато. Папочната врвца изгледаше како сладолед на стапче – изјавила Сорел од својот дом во Маунт Стерлинг, Кентаки.

Откако минатата зима изгубиле теле од студовите, семејството брзо реагирало за да го внесе новото теле внатре за да се исчисти и затопли.

– Кога го донесовме, имаше мраз на него. Сè уште имаше слуз, па морав да го избришам. Го вклучив фенот за коса, го загреав и го исушив целосно. – открила Сорел.

Потоа, телето слободно си лежело на каучот, склопчено заедно со нивните дечиња.

– Си легнаа до него како да е најнормалната работа на светот – рекла Мејси.

Фото: Facebook / FOX19

Нејзиниот тригодишен син Грегори одлучил да го крсти телето Сали, по неговиот омилен цртан лик, „Автомобили“.

Инаку, семејството чува околу триесет крави на својата фарма и е навикнато да носи животни во куќата од време на време во случај на вонредна состојба. Сали била вратена кај нејзината мајка следниот ден наутро и е добро.

Сорел додаде дека речиси и не сакала да ги споделува фотографиите на социјалните мрежи бидејќи е нормално за нив да носат животни во куќата кога е потребно. Сепак, многу корисници коментирале колку се слатки.

– Тоа е едноставно дел од она што го правиме – заклучила таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот