ФОТО | Се самоубил синот на холивудскиот актер: Пронајден e со прострелна рана на главата

Фото: Твитер/Инстаграм

Хадсон Ли Медсен, синот на ѕвездата на филмовите на Тарантино, Мајкл Медсен, почина на 26-годишна возраст.

Синот на Медсен е пронајден мртов со прострелна рана на Хаваите, а локалните власти откриле дека наводно во прашање е самоубиство.

Портпаролот на одделението за судска медицина во Хонолулу рекол: „Можам да потврдам дека Хадсон Ли Медсен (26) починал од прострелна рана на главата и дека постои сомнение дека извршил самоубиство на островот Оаху“.

Претставник за медиумите на Мајкл Медсен дал изјава за „Метро“ во име на целото семејство.

„Нашите срца се скршени и преплавени сме со тага и болка поради загубата на Хадсон. Сеќавањето на него ќе го чуваат сите кои го познаваа и сакаа. Бараме приватност и почит во овој тежок момент. Ви благодариме“, се наведува во соопштението.

Според наводите на социјалните мрежи, Хадсон Ли Медсен живеел во Вахијава, Хаваи, со сопругата Карли. Фотографиите кои тој ги објавувал укажуваат на тоа дека служел во американската војска и дека извесно време бил во Авганистан.

Мајкл Медсен е оженет со актерката Деана Медсен, со која има уште две деца – Келвин (25) и Лука (16).

Со поранешната сопруга Џанин Бисињано ги има синовите Кристијан (31) и Макс (27).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот