ФОТО | Се породи српската актерка: Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина станаа родители по третпат
Српската актерка Тамара Драгичевиќ вчера се породи и на свет донесе момче.
Препорачано
Популарната актерка со сопругот Петар Бенчина веќе има две деца, ќерката Сташа и синот Лазар, а сега сподели фотографија од породилиштето со новородениот син.

По среќниот повод се огласи и нејзиниот горд сопруг Петар, кој покрај објавата напиша трогателен коментар.


„Утринава околу четири по излегувањето во град застанавме кај „Драгиша Мишовиќ“… ТИ СИ НЕВЕРОЈАТНА“, напиша пресреќниот сопруг и татко.
Да потсетиме, популарната актерска двојка е во брак од 2016 година, а на крајот на истата година ја добија ќерката Сташа.
Три години подоцна, односно во август 2019 година, нивното семејство стана побогато со уште еден член – момчето Лазар, а сега добија уште едно момче на кое му го дадоа името Борис.
Тамара во една прилика откри дека имала моменти кога првпат се породила во 2016 година, а не правела долги паузи по двете породувања. Актерката истакна дека е многу среќна што е „присутна мајка“.
Тамара Драгичевиќ е бремена: Еден од најубавите српски парови го очекува третото дете
ФОТО | Тамара Драгичевиќ го покажа трудничкиот стомак: Српската актерка блесна во тесен долг фустан


