ФОТО | Се фотографирале за семеен албум, а во позадина случајно се појавил Барак Обама: Моја грешка што влегов во кадарот
Едно семејство ненадејно овековечи редок момент кога поранешниот американски претседател Барак Обама случајно се појавил во позадина на нивните професионални фотографии направени во „Тајдл Бејсин“ (Tidal Basin) Вашингтон, пренесува „Њујорк Пост“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
View this post on Instagram
Порша Мур и нејзиниот сопруг Демиен решиле да ја ангажираат фотографката Брајана Инел за да ги овековечи моментите со нивните деца Престон и Бел. Додека малечките позирале под расцветаното дрво, Обама минувал во позадина и сосема случајно стана дел од семејните спомени.
Во моментот кога е направена фотографијата, Порша не ни забележала кој влегол во кадарот бидејќи била толку занесена во нејзиниот син. Меѓутоа, нејзиниот сопруг Демиен веднаш го препознал поранешниот претседател и возбудено извикал: „Тоа е Обама!“ Отпрвин, скептична, Порша подоцна се уверила, кога ги прелистувале фотографиите, дека нејзиниот сопруг е во право.
„Кога конечно сфативме дека навистина е тој, сè што можев да прашам беше: „Па, дали добивме слика?!“ – низ смеа се присетила Порша. За среќа, фотографот успеал да го овековечи тој момент.
Порша гордо ја сподели фотографијата на социјалните мрежи, каде приказната брзо стана вирална. Но, најголемото изненадување допрва следуваше – Обама ја објави фотографијата на својата приказна на Инстаграм и напиша: „Престон и Бел, се надевам дека уживавте во полн цут! Моја грешка што влегов во кадарот“.
Поранешниот претседател, кој тој ден уживаше во пролетната атмосфера во Вашингтон, претходно објави неколку фотографии од цутот на црешите, истакнувајќи колку му е убаво што повремено „глуми турист“.
View this post on Instagram
Порша изјави дека оваа неверојатна фотографија дефинитивно ќе заврши на нивните божиќни честитки и дури се пошегува и го покани Обама на следната семејна фотосесија, на истото место во исто време следната година.
„Ова е приказна за паметење, а фотографијата ќе стане семејно наследство. И не, не му пречевме на неговата заслужена прошетка“, додаде Порша.
Своето искуство го сподели и фотографката Брајана Инел, која истакна дека е навикната туристите да влегуваат во кадар, но дека ова е прв пат нејзиниот фотобомбардер да биде поранешен претседател на САД.
“Затоа доаѓате во ‘Тајдл Бејсин’ во зори и во работен ден! Никогаш не знаете кого ќе сретнете!” рече таа.


