ФОТО | Сама ја израсна откако татко ѝ почина кога беше бебе: Ова е ќерката на Маја Саздановска
Пејачката Маја Саздановска преживеа голема трагедија откако ја загуби љубовта на својот живот, сопругот почина ненадејно.
Препорачано
Сопругот на Саздановска, Саша Лилчиќ почина пред 12 години кога нејзината ќерка Срна беше бебе.
Во една прилика за естрадниот магазин „Бекстејџ“ таа изјави:
„Велат дека времето лечи сѐ, но не е така. Едноставно се навикнуваш да живееш со болката. Срна беше многу мала кога почина маж ми, но секој ден прашува за него. Зборуваме и се потсетуваме заеднички на тато.
За разлика од другите деца, поради тоа што се случи созреа предвреме, многу е итра, снаодлива и личи на него. Тука се и бабите и дедовците да ѝ ги раскажат приказните за тато од неговото детство и младост. Не дозволуваме споменот да згасне“, рече Маја Саздановска.
Нејзината ќерка е сега тинејџерка, а Маја ретко објавува слики со неа. Неодамна, на нејзината инстаграм-приказна, Маја објави слика од неа и од Срна како се бакнуваат. По големата трагедија која ја доживеа, Саздановска застана на нозе и ја порасна ќерка си.

Иако не ја гледаме на сцената со нејзини песни, нејзините пејачки способности се истакнуваат како придружен вокал на Калиопи. Инаку, Маја е дел од пејачите на новата верзија на песната „Молитва“ од Виолета Томовска, која целото нејзино музичко семејство ја сними во чест на 80. роденден на фолк-дивата како изнендување за неа.
Минатата година, таа настапи на јубилејното, 40 издание на фестивалот „Макфест“ заедно со Јован Јованов со нивната заедничка песна „Ти ме сакаш“.


