ФОТО | „Роналдо, имаш зло од жена покрај себе“: Чичкото на Георгина го предупредува фудбалерот

георгина родригез
Георгина Родригез/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Додека фудбалерот Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез уживаат во семејната идила и очекуваат близнаци, нејзиното семејство не е воодушевено од нивната бајка.

Како што пишуваат странските медиуми, документарната серија на „Нетфликс“ „Јас сум Георгина“ (Soy Georgina) наскоро треба да ја здогледа светлината на денот. Станува збор за серијал за животот на Георгина Родригез, а таа се опишува како емотивен портрет на секојдневието на „мајката, инфлуенсерка, деловна жена и партнерка на Кристијано Роналдо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix España (@netflixes)


И додека светот се подготвува да види што сега ни подготви фудбалерот на португалската репрезентација и на Манчестер јунајтед и неговата животна сопатничка, нејзиното семејство најавува дека нема мирно и со воодушевување да ја следи приказната за членката на нивното семејство.

Имено, Хесус Хернандез, чичкото на убавата Георгина, им се обрати на медиумите за да им раскаже дека таа засекогаш му го свртела грбот на семејството кога го запознала Роналдо и дека тие мислат дека Георгина се срами од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

– Таа се срами од нас и веројатно мисли дека е подобра од нас бидејќи не живееме луксузно како неа. Никогаш ништо не барав од неа! Откако е со него, еднаш или двапати ми се јави, а јас бев тој што се бореше да ѝ обезбедам пристоен живот на нејзината сестра и нејзе, да плаќам електрична енергија, вода. Направив сѐ, Георгина живееше со мене во тинејџерските денови кога мојот зет го вратија во Аргентина –  истакнал Хернандез.

Таткото на Георгина бил уапсен и осуден на пет години затвор за трговија со дрога по неуспешниот обид за шверц на кокаин од Шпанија во Франција.

Хернандез, исто така, ја обвини Георгина и поради тоа што не го повикала семејството да ги извести кога починал нејзиниот татко.

Како што пренесува „Сан“, чикото на Георгина јавно му рекол на Роналдо дека покрај себе има „зло од жена“ и дека задолжително да му се јави ако сака да дознае нешто повеќе за неа, додека девојката на Хернандез, Лидија додала дека „сите ќе дознаат што каква личност на Георгина Родригез“.

Покрај Хесус, на медиумите им се обратила и Патриција Родригез, полусестрата на Георгина, која е разочарана бидејќи побарала од убавицата да го замоли Роналдо да се потпише на дресот на нејзиниот син за роденденот.

– Одговорот беше „не“. Не сакаше да му пречи на одморот, тоа ми го кажа – изјавила Патриција.

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се заедно од 2016 година, наводно додека таа работела како асистентка при купување во една продавница на модната куќа „Гучи“. Како што напредуваше нивната врска, Георгина постигнуваше сè поголем успех како модел и инфлуенсерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Парот набрзо почна да живее заедно и да се грижи за децата на Роналдо, Кристијан помладиот, Ева и Матео. Потоа ја добија ќерката Алана, а наскоро Георгина ќе роди близнаци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Двојката е речиси неразделна, а Георгина го придружува својот сакан како на егзотичните патувања, така и ширум Европа. Тие неодамна изградија семејно гнездо во близина на Манчестер, каде фудбалерот повторно живее по враќањето во најпознатиот фудбалски клуб во овој град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот