ФОТО | Романтични кадри од Јапонија: Каролина објави нови фотографии од Токио, каде отпатува со сопругот
Македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин, уште еднаш покажаа дека патувањата се важен дел од нивниот заеднички живот. Двојката, која е позната по изборот на внимателно одбрани и културно богати дестинации, пред еден месец престојуваше во Јапонија, каде уживаше во автентичната атмосфера на Токио.
Препорачано
По враќањето, Каролина на социјалните мрежи сподели серија досега необјавени фотографии од патувањето. На дел од нив позира сама, додека на други е во прегратката на својот сопруг, доловувајќи моменти на интимност и спокој во срцето на „Земјата на изгрејсонцето“.





Да потсетиме, Каролина Гочева и Михаил Корубин се во брак од 2017 година, кога својата љубов ја крунисаа со несекојдневна свадбена прослава во хангарот на спортскиот аеродром Стенковец – настан кој и денес се памети како еден од поавтентичните на македонската јавна сцена.
Неодамна, пејачката гостуваше во српската емисија „Спика и прилика“, каде отворено проговори за односот кон бракот и општествените очекувања.
„Едноставно, никогаш не сакав да се омажам само затоа што ‘дошло време’ или затоа што некој очекува од мене. Ништо не треба. Треба само да бидеш среќен“, рече Гочева.
Таа се осврна и на разликата во возраста меѓу неа и сопругот, кој е шест години помлад.
„Во Холивуд сите се со помлади мажи, тоа е светски тренд. А јас сакам да ги следам светските трендови“, изјави таа со насмевка.
Каролина додаде дека нивната врска се темели на зрелост и меѓусебно разбирање.
„Ние двајцата се споивме како зрели луѓе, во нашите триесетти години. Никогаш не сум почувствувала разлика во годините. Се најдовме веднаш и до ден-денес остана тоа чувство“, објасни пејачката.


