ФОТО | Роберт Орданоски не и дава мир на Агнеса: „Кога ќе престанеш да се глупираш?“

Македонската јавност не престанува да коментира за скандалозното излагање на Роберто Орданоски, кој минатата недела објави видео како со ќерките го прославува 17-тиот роденден на постарата, напаѓајќи ја сопругата Агнеса дека е отсутна зашто подготвувала документи за развод. 

Орданоски ја нарече својата сопруга „фотошоп барбика“, која се „оладила“ од него зашто повеќе не бил директор и „не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби“ во крајно навредливиот пост кој предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Во меѓувреме ја слушнавме и страната на Агнеса која даде ексклузивно и потресно интервјуо за Слободен печат.

Агнеса Орданоска за „Слободен печат“: На дијазепам сум бидејќи вознемирена сум поради децата, не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук

И додека сите мислеа дека на фејсбук-драмата конечно и се гледа крајот, Роберто побара совет од брачен советник за да му помогне во оваа ситуација.

„Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму… Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер… Бара децата да ги однесам таму…“ напиша во првите редови од објавата.

Роберт Ордановски повторно се огласи на социјалните мрежи: Бара помош од брачен советник

За работите да станат уште почудни, и неговата мајка се вмеша во целата драма откако коментираше на една од неговите објави и му даде поддршка.

Но ни таму не беше крајот, потоа, тој сподели фотографија од нивната приватна архива, и тоа од денот кога стапиле во брак.

ФОТО: Роберт Орданоски објави фотографија со Агнеса од нивниот свадбен ден на неговиот профил

Сега, Роберто објави заедничка фотографија од Агнеса на која позира со Зоки Фаци, а во описот на објавата ја обвини дека се „глупира“ и „ака лево десно“:

„Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот.“

Фото: Фејсбук

Обвинувањата на Орданоски дека „се глупира“ и „ака лево десно“ доаѓаат само еден ден откако Агнеса сподели заедничка фотографија со нивните две ќерки, опишувајќи ги како „нејзини ангели“.

Фото: Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот