Агнеса Орданоска за „Слободен печат“: На дијазепам сум бидејќи вознемирена сум поради децата, не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук

Агнеса Орданоска, сопругата на екс директорот Роберто Орданоски е шокирана од однесувањето на сопругот кој на социјалната мрежа Фејсбук упати навредливи зборови кон неа и на отворениот профил за јавноста, објави интимен момент од бракот – дека се разведуваат.

-Не можам да се смирам. Пијам дијазепами. Имаме две малолетни деца и не ми се верува дека го направи ова преку Фејсбук, изјави за „Слободен печат“ Агнеса Орданоска, видно вознемирена од постапките на таткото на нејзините деца зошто смета дека брачните проблеми не можат да се решаваат преку социјалните мрежи, туку со разговор меѓу брачните партнери.

-Се знае дека брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи! Вознемирена сум поради децата, јасно ми е како ова ќе се одрази на нив, зошто тие се во период кога растат, созреваат. Па оваа објава ја читаат и нивните другарчиња, па оправдано стравувам дека ова ќе остави трајни последици врз моите деца, кои во никој случај не заслужија да бидат во оваа ситуација – вели Агнеса во телефонскиот разговор додавајќи дека цел ден добива поддршка од пријателите и блиските за скандалозното однесување на сопругот.

-Кога приватноста на едно семејство се става на чинија пред целата јавност, на ваков начин, што да се очекува повеќе? Многумина ќе се ситат, лавини од невкусни коментари, без да се помисли на емоциите на овие деца, жално е сето тоа. Но, ме изненади поддршката која од вчера ја добивам од огромен број на жени и мајки, кои дури и никогаш не сум ги сретнала во живот. Добив многу пораки, во кои ја гледам женската солидарност на дело и тоа ми даде утеха во овој лош период. Жената е најлесно да ја нападнеш, да ја омаловажиш во средина во која уште владеат предрасудите, но за среќа помеѓу нас има совесни луѓе на кои им е јасно дека оваа постапка е за секоја осуда – вели револтирано Орданоска.

Сопругот и нејзините две ќерки во моментов се во хотелот „Молика“ каде заминале пред 5 дена и од каде Роберто Орданоски објави видео како со ќерките го прославува 17. роденден на постарата напаѓајќи ја сопругата дека е отсутна зошто подготвувала документи за развод. Орданоски ја нарече сопругата „фотошоп барбика“, која се „оладила“ од него зошто повеќе не бил директор и „не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби“. Тој во крајно навредливиот пост кој сопругата вели: „се надевам ќе си најде солвентен партнер кој ќе може тоа да го прави место мене“.

-Кога една жена се грижи за својот изглед, најлесно е да биде обвинета за афери, да се нарече спонзоруша, да и се прикачуваат невистини кои ќе ја прикажат во лошо светло. Очекувани ми се тие работи, на многумина им се случиле, но недозволиво е да се објавуваат фотографии и снимки од деца на вакви објави, тоа е траума за нив, како и за мене, вели Агнеса со треперлив глас и уште еднаш ја осуди постапката на сопругот и сите погрдни зборови кои ги упати на нејзина сметка.

Роберто и Агнеса Орданоски се во брак 18 години и имаат две ќерки. Орданоски одамна не е директор, но е вработен во МЕПСО додека Агнеса е правник и работи во АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Сите се пофалија со паричките на Фејсбук, Орданоски со разводот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот