ФОТО | „Рипна во тавче“: Водителот Марко Новески се ожени

Фото: Instagram-Принтскрин

Популарниот водител Марко Новески кого го гледавме во квизот „Листа за триста“ а публиката најмногу го памети по забавното шоу „Дај побрзај“, застана на лудиот камен.

Иако изјавуваше дека не му се брза да влезе во брак, очигледно се премисли и реши да ја озакони врската со девојката Цена Плавевска. Тој ја објави среќната вест на својот инстаграм-профил.


„Се оженив! Те сакам Плавевска и едвај чекам да видам како ќе се одвива нашата приказна. Голема благодарност до кумот Дамјан за безрезервниот ангажман околу целата работа и секако до старосватицата Сашка за стручната логистика околу овој чин“ – напиша  Марко во објавата и сподели неколку фотографии од свечениот момент.


За овој убав настан, кој се одвивал според ковид-протоколите, младоженецот и невестата не носеа класична свадбарска облека. Односно и двајцата беа облечени во жолто-бела комбинација, Марко во кошула и панталони, со пеперушка, а невестата во жолто-бело здолниште со бела маица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот