Ричард Гир и Алехандра Силва / Фото: Profimedia

ФОТО | Ричард Гир и Алехандра Силва прославија осум години брак: „Нашата љубовна приказна продолжува“

Ричард Гир и неговата сопруга Алехандра Силва прославија осум години брак, а по тој повод таа сподели емотивна објава на Инстаграм.

Имено, 43-годишната Силва објави фотографии од нивната свадба од 2018 година и се потсети на почетокот на нивната љубовна приказна.

„Пред осум години, на денешен ден, се собравме со нашите семејства и најблиски за да го прославиме почетокот на нашиот заеднички живот. Тоа беше еден од најмагичните денови во нашите животи – ден исполнет со љубов, радост и чувство дека започнува нешто навистина посебно“, напиша таа.

Ричард Гир и Алехандра Силва / Фото: Инстаграм/Алехандра Силва

Меѓу фотографиите имаше романтични моменти од нивната будистичка свадбена церемонија во Њујорк, каде Силва носела бела чипкана венчаница, додека актерот бил облечен во класичен црн костум.

„Многу години подоцна, нашата љубовна приказна продолжува – со уште повеќе длабочина, спомени, деца, смеа и живот. Среќна годишнина, љубов моја. Повторно би те избрала, во секој живот“, додаде таа.

Ричард Гир и Алехандра Силва / Фото: Инстаграм/Алехандра Силва

Двојката тајно се венча во Шпанија во 2018 година, а потоа организираше и будистичка прослава на ранчот на актерот во Њујорк.

По бракот, добија два сина – Александар, роден во 2019 година, и Џејмс, роден во 2020 година.

Иако ретко го изложуваат приватниот живот во јавност, Силва често му посветува емотивни објави на славниот актер, кого го опишува како својата „најголема животна среќа“.

ФОТО | Која е Алехандра Силва? Поради неа Ричард Гир ги спакува куферите и ја напушти Америка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот