Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

ФОТО РЕПОРТАЖА ОД ТУРЦИЈА: Најголемата тропска градина со пеперутки во Коња која морате да ја посетите! (ГАЛЕРИЈА)

Градот Коња кој се наоѓа во Долна Анадолија во Турција, дефинитивно може да се смета за религиски и културен центар, кој изобилува со мноштво на џамии и музеи, во кои навистина има што да се види.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев
Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Сепак, доколку некогаш го посетите овој град, покрај џамиите, музејот во чест на големиот поет и мислител Мевлана Руми и прекрасното село Силе во кое се наоѓа и христијанска црква, морате да одделите барем половина час да ја посетите единствената градина на пеперутките.

Екипата на „Слободен печат“ имаше прилика да посети повеќе знаменитости во Коња, но музејот или градината на пеперутките како што тамошното население го нарекува овој огромен и преубав објект е единствено искуство.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Доколку се одлучите да ги посетите пеперутките на зима бидете подготвени за драстична промена на температурите.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев
Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Поголемиот дел  пеперутките кои се наоѓаат овде доаѓаат од Костарика, Кенија и Филипините, па тие  не се навикнати на ладни температура, па поради тоа во прекрасната градината температурата се движи  27 до 29 степени Целзиусови, што предизвикува голема температурната разлика во и надвор од градината.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

И покрај тоа вашето тело набргу ќе се навикне, а вие ќе имате прилика да уживате гледајќи како пеперутките летаат, се хранат, како и тоа како за првпат ги отвораат своите крилја и полетуваат.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Тропската градина во Коња е една од ретките градини со пеперутки во светот, а се протега на површина од 7.600 квадратни метри.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Необичната и несекојдневна градина на пеперутки всушност е направена како нивно природно живеалиште, а таа вклучува и 20.000 растенија од 106 видови, додека притоа е дом и на други различни животни, претежно помали инсекти.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Оваа градина, која има најголем простор за летање на пеперутките во Европа, всушност е дом на илјадници шарени пеперутки од 45 различни видови, а највпечатлива од сите е пеперутката „Атлас“, која се смета за најголема во светот.

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Преку фотографиите во текстот можете да искусите дел од атмосферата во тропската градина на пеперутките, во Коња чие дожививање е навистина уникатно искуство и е место кое морате да го посетите. 

Фото: Слободен печат/ Михаило Донев
Фото: Слободен печат/ Михаило Донев
Фото: Слободен печат/ Михаило Донев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот