ФОТО | „Раде, радост си“: Анастасија Богдановска ја објави првата фотографија од синот

Анастасија Богдановска и Богдан Илиевски
Фото: Инстаграм, Анастасија Богдановска

Водителката Анастасија Богдановска и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски, кој во јавноста е познат под псевдонимот Бетмен Велит, станаа родители по вторпат – нивниот син Раде се роди на 27 април годинава.

„Утрото кога се роди синко: едно од најубавите изгрејсонца кои сум ги видела. Добредојде Раде, радост си. И веќе го правиш светот поубав“, напиша Анастасија на нејзиниот профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Неколку дена подоцна, водителката објави и фотографија од синчето во облека на која пишува „мама плус тато е еднакво на мене“.

„Ништо не може да те подготви за првата недела дома со новороденче и тодлер. Исто така ништо не може да те подготви за моментот кога ќе ги видиш двете деца како мирно спијат, едното на твоја лева, а другото на твојата десна страна“, сподели младата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anastasija Dea (@anastasiia_dea)

Како потсетување, Анастасија и Богдан се во брак од минатата година, а веќе ја имаат и малечката ќерка Дениција, која во јули годинава ќе наполни две години.

Малата Дениција модерна на Инстаграм: Анастасија Деа Богдановска и Бетмен Велит уживаат во улогата на родители

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот