Фото: EPA-EFE/NEIL HALL//BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

ФОТО | Први фотографии од синот на Ал Пачино: Се шпекулираше дека не е негово, но детето неверојатно личи на својот татко

Девојката на Ал Пачино (84), Нур Алфала (30) во вторникот за прв пат јавно го покажа лицето на нивниот син Роман, 14 месеци откако го роди.

Нур, која претходно се забавуваше со 81-годишниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, го држела своето преслатко машко бебе, кое неверојатно наликува на Ал Пачино. Нур била лежерно облечена на прошетката со својот син и изгледала како да не ѝ е грижа што папараците ја следат. Пачино не бил виден на ова семејно излегување.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Кога „ТМЗ“ ја праша убавицата во ноември минатата година дали планира да се омажи за Ал Пачино, таа одговори: „Мислам дека не. Јас не сум тип за мажење“.

Минатата година тој стана татко во деветтата деценија, а поради врската со 53 години помладата Нур Алфалах се најде во центарот на медиумското внимание и бројните теории на заговор. Најпрво се шпекулираше дека Ал Пачино всушност не е татко на детето и дека побарал ДНК анализа за да се утврди вистината. После тоа, нивната љубов наводно пропаднала, но и покрај овие наводи, тие биле видени како заедно шетаат рака под рака.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот