ФОТО | Првата Македонка која доби Еми: Александра Кочоска-Дековиќ блесна на престижните награди во Холивуд

Фото: Фејсбук/Анте Дековиќ

Македонската продуцентка на визуелни ефекти Александра Кочоска-Дековиќ синоќа присуствуваше на првиот дел од 75. доделување на престижните награди Еми, каде беа доделени признанијата на најдобрите во техничките категории.

Оваа година, таа го придружуваше нејзиниот сопруг Анте Дековиќ, кој беше номиниран за Еми во категоријата за  исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода, за епизодата „Rusalye“ од серијата „Сенка и коска“ („Shadow and Bone“).

„Апсолутно ни ја ‘украдоа’ статуетката, но сепак се забавувавме на 75. доделување на креативните Еми награди“, напиша Анте Дековиќ на својот фејсбук-профил, каде објави неколку фотографии од црвениот тепих.

Фото: Фејсбук/Анте Дековиќ

Парот пристигна во елегантно издание на црвениот тепих, каде особено внимание привлече дамата со својот долг син фустан и впечатливи салонки во истата боја.

Фото: Фејсбук/Анте Дековиќ
Фото: Фејсбук/Анте Дековиќ

Инаку, и самата Александра Кочоска-Дековиќ досега беше трипати номинирана за оваа престижна награда (2019, 2021 и 2022), а во 2021 година стана првата Македонка која добила Еми. Нејзиниот тим беше награден во категоријата за исклучителни специјални визуелни ефекти во поединечна епизода, за епизодата „Su’kal“ од серијата „Ѕвездени патеки: Откритие“ („Star Trek: Discovery“.

Фото: Скриншот/Веб-страницата на наградите Еми

Да потсетиме, наредниот викенд (15 јануари) ќе бидат доделени и наградите Еми за најдобрите актери, продуценти и режисери, а тогаш ќе бидат избрани и најдобрите серии за изминатата година.

Македонка го живее американскиот сон: Од бебиситерка до кандидат за престижната ЕМИ награда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот