ФОТО | Познато е кој ќе го наследи Даниел Крег како Џејмс Бонд: Жените лудуваат по британскиот актер

Британскиот актер Даниел Крег на премиерата за „Не време за умирање“ (No Time To Die) во Берлин / Фото: EPA-EFE/JOERG CARSTENSEN GERMANY OUT

Британскиот актер Арон Тејлор-Џонсон ќе го толкува новиот Џејмс Бонд.

Познат по „Kick-Ass“ и „Avengers: Age Of Ultron“, 33-годишниот актер претходно изјави дека гласините што го поврзуваат со Џејмс Бонд се „шармантни и прекрасни“.

Според извештаите, Арон Тејлор-Џонсон треба да биде следниот Џејмс Бонд, пренесува „Скај њус“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Актерот очигледно допрва треба официјално да ја прифати култната улога, но извор за британскиот весник „Сан“ рекол: „Бонд е работа на Арон, ако сака тоа да го прифати“.

Извор за „Сан“ изјави дека што се однесува до продукцијата, Арон ќе го потпише договорот во наредните денови и тие можат да почнат да се подготвуваат за големата најава.

Тејлор-Џонсон е неверојатно талентиран актер. Го нарекоа „совршена личност за улогата на Бонд и добро ќе продолжи од местото каде што застана Даниел Крег“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Тејлор-Џонсон минатата недела беше прашан од страна на магазинот „Нумеро“ за гласините што го поврзуваат со улогата. Одговарајќи тој рекол: „Сметам дека е шармантно и прекрасно што луѓето ме гледаат во таа улога. Тоа го сфаќам како голем комплимент“.

Инаку, една од улогите по која е познат Тејлор-Џонсон е улогата на Џон Ленон во филмот „Nowhere Boy“. На снимањето на тој филм ја запознал и сопругата Саманта (56), која е 23 години постара од него. Наводно, тогаш имал само 18 години, а Арон ја запросил само една година подоцна.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Следниот филм за Бонд беше одложен поради минатогодишните штрајкови во Холивуд.

Познат е главниот фаворит за улогата на Џејмс Бонд: Еден од најзгодните мажи во светот

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот