ФОТО | Позната актерка открила дека сопругот ја изневерува „благодарение“ на папарацо-фотографии

Фото: Unsplash

Колет и Галафаси имаат две деца, на возраст од 14 и 11 години, а во последните години често поминуваат време меѓу Австралија и САД. Двојката се запознала во 2002 година на промоцијата на деби албумот на групата Галафаси Гелбисон во Сиднеј, а нивната втора средба се случила само неколку дена подоцна на домашна забава.

Австралиската актерка Тони Колет објави дека се разделува од својот сопруг музичар со кого е речиси 20 години, откако тој бил снимен како страсно се бакнува со друга жена на плажа во Сиднеј. Дејв Галафаси, кој бил тапанар во инди рок бенд бил уловен како страсно се бакнува со киропрактичарката Шенон Иган, пишува „Дејли Меил“.


Австралискиот Дејли Мејл го контактирал менаџментот на Колет за спорните фотографии вчера попладне, а неколку часа подоцна таа објавила дека тие двајца се разделуваат. Тие ја споделиле веста во заедничко соопштение кое е објавено на нејзиниот реактивиран профил на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by hotgossipnewz (@hotgossipnewsinfo)

„Со милост и благодарност објавуваме дека се разведуваме. Обединети сме во нашата одлука и се разделуваме со почит и грижа еден за друг“, се вели во соопштението истакнувајќи дека нивните деца им се од најголема важност и дека ќе продолжат да напредуваат како семејство, но во поинаква форма.

Инаку, на фотографиите се гледа како 44-годишниот Галафаси ја гушка и бакнува 41-годишната Еган во морето и на песокот пред другите капачи. Парот пристигнал на плажата околу 7:30 часот, поминал 15 минути во морето, а потоа купиле кафе. Еден сведок изјавил дека парот бил „постојано еден врз друг“.

 

Неколку часа пред објавувањето на разводот, Колет објави криптична порака на Инстаграм во која пишуваше:
„Без оглед на вашите моментални околности, ако можете да замислите нешто подобро за себе, можете да го создадете“ – напишала актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @will.sans

Фотографиите од Дејв Галафаси на кои страсно се бакнува со киропрактичарката Шенон Иган може да ги погледнете ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот