ФОТО | Порасна синот на Тони Зен: Јасен наполни 7 години
Синот на раперот Тони Зен, Јасен, наполни седум години.
Препорачано
Фотографија од роденденската прослава објави магионичарот Кристијан Шопов, познат како Меџик Кристијан, кој ги забавувал децата на забавата.
„Среќен роденден, Јасен! Благодарам, Тони Зен, на довербата да ги забавувам дечињата“, напиша Шопов на Фејсбук.

Хип-хоп музичарот и неговата сопруга Валентина се во брак од 2019 година, а истата година го добија и синот Јасен. Иако Тони Зен ретко споделува детали од приватниот живот, во повеќе интервјуа истакнал дека раѓањето на синот било „најзначајниот момент во неговиот живот“.
Семејството неодамна доби уште еден член. На 3 декември 2025 година сопругата Валентина роди девојче, на кое му го дадоа името Дена. Името има хебрејско потекло и се поврзува со значења како „суд“ и „правичност“, симболизирајќи мудрост, интуиција и способност за праведни одлуки.
Крајот на 2025 година беше важен и на професионален план за Тони Зен. На 11 октомври тој и Слаткаристика одржаа голем концерт во А1 Арена Борис Трајковски. За време на концертот, раперот јавно му се заблагодари на своето семејство и се потсети на почетоците на кариерата, кога пред повеќе од 15 години настапуваше со прекарот „Суперзен“.
Тогаш, инспириран од успехот по учеството во шоуто „Преживеан“, на сцената во истата сала се спушти со јаже од покривот – момент што многумина сè уште го паметат. Денес, со нови семејни радости и долгогодишна кариера зад себе, Тони Зен останува едно од најпрепознатливите имиња на домашната хип-хоп сцена.


