ФОТО | Ова се жените на годината според „Гламур“
Магазинот „Гламур“ ја објави својата листа на добитници на престижната награда „Жена на годината“ за 2025 година. Меѓу овогодишните лауреати се големи имиња од светот на забавата, спортот и претприемништвото, вклучувајќи ги Деми Мур, Тајла, г-ѓа Рејчел, Рејчел Зеглер, шминкерката Пет Мекграт и кошаркарки на WNBA.
Препорачано
Овогодинешната тема е „Сестринство“, славејќи ја „врската меѓу жените, како семејна така и во секој агол од глобалната заедница на Гламур“.
„Може да се пронајдат и во приказните на годинешните победнички и кај жените кои ги раскажуваат – пријателките, колешки и обожавателки. Г-ѓа Рејчел е прекрасно профилирана од глобалната уредничка на содржини на „Гламур“, Саманта Бери, Рејчел Зеглер од холивудската икона Хелен Мирен, Пет Мекграт од долгогодишната пријателка и клиентка Трејси Елис Рос, и неповторливите жени на WNBA – вклучувајќи го интервјуто со Нафиса Колиер, Џонкуел Џонс од Њујорк Либерти, бекот на Индијана Февер, Лекси Хал и сестрите Сату и Њара Сабали“, се вели во официјалното соопштение.
View this post on Instagram
„Гламур“ ја опишува пејачката Тајла како „талентирана, кул и секогаш супер облечена“ и „го отелотворува изгледот и звукот на новата генерација“.
View this post on Instagram
Актерката Деми Мур е наречена „холивудска икона“ која отсекогаш донесувала смели одлуки на и надвор од екранот.
View this post on Instagram
Се вели дека британската шминкерка Пет Мекграт од икона зад сцената станала бизнис магнат, станувајќи најбараната шминкерка во светот која постојано ги препишува правилата на убавината.
View this post on Instagram
Се вели дека актерката Рејчел Зеглер „гради силна платформа која не се плаши да ја користи“.
Американската јутјуберка г-ѓа Рејчел, за која се вели дека ги редефинирала медиумите за деца и изградила империја ставајќи ја емпатијата во центарот.
View this post on Instagram
Покрај жените од индустријата за забава, на листата се најдоа и кошаркарките на WNBA – Нафиса Колиер, Џонкуел Џонс, Њара Сабали, Лекси Хал и Сату Сабали. „Жените од WNBA се здружија за да се борат за фер плата и право на глас во нивната иднина“, пишуваат тие во нивно име.
View this post on Instagram
Пролсавата за генерацијата 2025 ќе се случи на 4 ноември во легендарниот хотел „Плаза“ во Њујорк.
Преносот во живо од црвениот тепих ќе го водат Брукс и Грејс Ен Надер, а настанот ќе биде достапен за гледање на Glamour.com, TikTok и YouTube.


