ФОТО | Ова се најопасните патишта во светот – еден од регионот е на листата
Објавена е листа на најопасните патишта во светот, меѓу кои се најде и една делница од регионот. Станува збор за рути каде што возењето често значи вистински ризик – тесни патишта без заштитни огради, стрмни провалии и екстремни временски услови, пишува „Би-би-си Саенс Фокус“.
Препорачано
Меѓу најопасните се издвојува патот Кејлонг–Киштвар во Индија, каде возачите се движат по тесен планински терен без никаква заштита од амбисот. Слично опасен е и преминот Зојила, исто така во Индија, кој често е покриен со снег и мраз и има делници доволни само за едно возило.
На листата е и Ибарската магистрала во Србија, позната како „Црна магистрала“, каде честите сообраќајни несреќи се поврзуваат со брзо возење и опасни кривини.
Меѓу туристички најпознатите, но и ризични патишта е Трансфагарашан во Романија, познат по своите серпентини и нагли промени на надморската височина.
Во Нов Зеланд, патот низ кањонот Скиперс е исклесан во карпи и на многу места е доволен само за едно возило, додека во САД, автопатот Џејмс Далтон е познат по лошите временски услови и изолираноста.
Особено застрашувачки се и патиштата во Пакистан и Боливија, како што е Јунгас роуд, каде маглата, дождот и тесните кривини покрај провалии претставуваат сериозна закана.
Еве ја листата со десетте најопасни патишта во светот:
1. Патот Кејлонг–Киштвар (Индија) е долг и тесен планински пат без заштитни огради, со чест ризик од одрони и нестабилен терен.
View this post on Instagram
2. Ибарската магистрала (Србија), позната како „Црна магистрала“, е меѓу најопасните во Европа поради брзо возење, кривини и чести несреќи.

3. Трансфагарашан (Романија) се издига над 2.000 метри и е полн со серпентини, тунели и нагли висински промени.
View this post on Instagram
4. Скиперс кањон роуд (Нов Зеланд) е тесен пат исклесан во карпи, со делници погодни само за едно возило и лизгава подлога.
View this post on Instagram
5. Џејмс Далтон автопат (САД) е долг, делумно неасфалтиран пат со сурови временски услови и изолираност.
View this post on Instagram
6. Зојила премин (Индија) често е покриен со снег и има делови каде едвај може да помине едно возило.
7. Фери Медоус роуд (Пакистан) минува низ планини на голема височина, без огради и со многу тесен коловоз.
8. Јунгас роуд (Боливија) е познат по магла, дожд и опасни провалии, поради што некогаш одземал стотици животи годишно.
9. Сичуан–Тибет автопат (Кина) важи за еден од највисоките и најризични, со лавини, одрони и долги застои.
10. Бајбурт Д915 (Турција) е кривулест планински пат со бројни серпентини и често лоши услови за возење.


