Даниел Кајмакоски/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Две работи ѝ помогнале на полицијата да му го спаси животот на Даниел Кајмакоски

Густата магла и лизгавиот коловоз, очигледно, одиграле клучна улога во спасувањето на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, кој во саботата беше киднапиран во Белград.

Како што рекол изворот за српски „Курир“, можно е киднаперите да се дезориентирале во услови на намалена видливост и на кружниот тек кај Рума не успеале да свртат во планираната насока, па продолжиле право, по што ја изгубиле контролата врз возилото и слетале од коловозот, удирајќи во насипот.

Извор упатен во случајот ги открил деталите.

– Токму оваа низа околности довела до прекинување на нивната понатамошна намера. Интересно е и тоа што киднаперите сосе жртвата во автомобилот успеале да поминат низ две наплатни рампи, во Шимановци и во Рума. Меѓутоа, ударот во банкината ги запрел во понатамошно бегство. Откако удриле во заштитна ограда и го оштетиле автомобилот, двајцата осомничени, за кои се верува дека се од турска националност, продолжиле да бегаат пеш. Истрагата продолжува, а надлежните ги испитуваат сите околности на овој настан, вклучувајќи ги и движењата на осомничените пред инцидентот – рекол изворот за „Курир“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

За потсетување, постои сомнение дека двајца странци го пресретнале Даниел Кајмакоски по неговиот настап во бар во Бетон Хала ноќта помеѓу саботата и неделата. Под закана со нож и пиштол, му наредиле да влезе во неговиот автомобил, бело „волво“, каде што го врзале. Киднаперите наводно побарале од пејачот 20.000 евра, но не ги добиле парите.

– Патролата на сообраќајната полиција во Белград се обидела прва да ги запре, но бидејќи возачот на „волвото“ не застанал, туку додал гас, ги вклучиле алармите. Недолго потоа, некој од опкружувањето на пејачот се јавил во полиција и пријавил „исчезнување“. Потоа, покрај сообраќајната полиција, во потрагата се придружиле и други полициски единици. Белото „волво“ потоа било пронајдено на автопатот во близина на излезот за Рума, каде што доживеало сообраќајна несреќа, односно удрило во насипот – рекол изворот и додал дека полицијата го пронашла пејачот, кој бил во шок во возилото.

По ова, напаѓачите успеале да избегаат пеш во блиската шума, користејќи ја ноќта и тешкиот терен. Кога полицијата пристигнала на местото, го затекнала Кајмакоски врзан за седиштето, видно потресен, но без сериозни телесни повреди. Лекари го прегледале пејачот и му укажале помош, по што тој бил префрлен на безбедна локација.

Киднаперите сè уште се во бегство, а полицијата интензивно трага по нив.

ВИДЕО | Даниел Кајмакоски е киднапиран во Белград – српската полиција е на нозе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот