ФОТО | Откако ѝ умре седмото куче, луѓето покренаа петиција против Британката со најголеми гради

Фото: Инстаграм/Кејти Прајс

Британската старлета Кејти Прајс неодамна објави дека нејзиното куче Блејд загинало во близина на нејзиниот дом, откако го удрило автомобил. Ова е седмо куче во нејзина сопственост кое умира.

Несреќата се случила на истиот пат каде пред само седум месеци почина уште едно од кучињата на Прајс, Шерон.

Во 2019 година, Прајс го вдоми кучето Блејд, кое го сметаше за свој „најдобар пријател“ и „заштитник“.

„Не можам да ја опишам со зборови загубата на мојот најдобар пријател и заштитник, моето сѐ, кој за жал почина денеска. Немам зборови да опишам како се чувствувам, освен тапо и шокирано. Блејд, почивај во мир“, напиша Прајс на Инстаграм, објавувајќи заедничка фотографија со својот миленик.

Фото: Инстаграм/Кејти Прајс

Наместо коментари со поддршка и сочувство, таа добри бројни негативни реакции од страна на корисниците на Инстаграм.

„Престани да купуваш животни! Очигледно, не си одговорна и не им ја даваш соодветната нега. Тие не се некој моден додаток, туку се живи суштества“, гласи еден од коментарите.

Фото: Инстаграм/Кејти Прајс

Дури 30.000 луѓе потпишаа петиција со која бараат да ѝ се забрани на Прајс да се грижи за животни. Во последните шест години, на неа ѝ умреа пет кучиња, еден коњ и еден камелеон.

Како потсетување, Прајс е голема љубителка на естетските операции и тврди дека ги има најголемите гради во Велика Британија, кои ги зголемувала дури 16 пати.

Фото: Инстаграм/Кејти Прајс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот