Оштетен мост во Демир Хисар / Фото: Општина Демир Хисар

ФОТО | Оштетен е мост на локален пат во Демирхисарско, затворен е за сообраќај поради опасност од уривање

Општина Демир Хисар предупредува на опасност поради оштетувања на мостот на локалниот пат кај селото Мренога. Од општината велат дека се забранува користењето на овој мост додека се утврди неговата состојба.

„Се известуваат граѓаните и корисниците на моторни возила дека на општинскиот локален пат за с.Мренога настанати се оштетувања на мостот на „Боишка река“. Оштетувањата се настанати како резултат на разорното дејство на зголеменото ниво на вода во реката и остатоци од дрвја пред мостот кои го попречуваат нормалното движење на водата под мостот“ велат од општината.

Оттаму додаваат дека оштетувањата на мостот се сериозни (оштетување на лакот на едното поле како носив елемент на мостот што е резултат на поткопување/оштетување на темелот на крајниот столб).

„До утврдување на фактичката состојба за степенот на општетување на целата конструкција на мостот, се забранува користење на истиот, особено од страна на корисници на моторни возила“ посочуваат од општината Демир Хисар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот