ФОТО | Од војвотка до инфлуенсерка: Меган Маркл се врати на Инстаграм

Меган Маркл / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH

Меган Маркл се врати на Инстаграм подготвена за нејзиниот „онлјан камбек“.

Војвотката од Сасекс, која денеска ќе го прослави својот 42 роденден, веќе има нешто повеќе од 27.000 следбеници, и покрај фактот што никогаш не објавила ништо.

Профилот на Меган на Инстаграм ќе го најдете како @meghan, а на профилната слика има розови цвеќиња.

Фото: принтскрин/ Инстаграм/ Meghan

Маркл имала преговори со голем број брендови за работа и сакала да потпише со луксузни златарници како „Картие“(Cartier), кои стравуваат дека каков било договор може да го налути кралското семејство.

Маркл откри дека размислувала за идејата да се врати на социјалните мрежи во нејзиното интервју за „The Cut“ минатиот август: „Дали сакате да знаете некоја тајна? Ѝ се обрати Меган на писателката Алисон П. Дејвис: „Се враќам… на Инстаграм“.

Како актерка на „Suits“, таа имала потенцијално успешен Инстаграм профил и имала блог за патувања и начин на живот наречен „Тиг“, но се откажа од тоа кога се омажи за принцот Хари.

„Тоа беше големо прилагодување – огромно прилагодување да се оди од тој вид на автономија во поинаков живот“, изјави таа за „The Cut“.

Таа им се придружи на Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на нивниот заеднички Инстаграм, @KensingtonRoyal, кога се приклучи на кралското семејство.

Потоа, таа и Хари лансираа сопствен профил на Инстаграм @sussexroyal во април 2019 година, еден месец пред да се роди нивниот син Арчи.

За шест часа достигнаа 1 милион следбеници.
Но, парот го затвори набргу откако го напуштија кралското семејство во март 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот