Дарио Панковски / Фото: mad.photography.mk

ФОТО | Објавена е ретка слика од Дарио, малкумина би го препознале во ова издание

Ретка слика од Дарио е објавена на социјалните мрежи, а на неа малкумина би го препознале пејачот и автор со долгогодишна успешна кариера.

Станува збор за стара насловна страница од ревијата „Екран“. На фотографијата, која ја објави Фејсбук-страницата „ВБУ музички регистар“, е Дарио со својот бенд „Миг 21“, на почетоците од кариерата, со имиџ соодветен за тие години.


Дарио, кој на крајот од минатата година го промовираше новиот албум „Ковчег со злато“, неодамна во интервју за „Слободен печат“ зборуваше на различни теми.

„Јас дома имам една огромна ‘стара школа’ (old school) архива, составена од безброј исечоци од печатени медиуми, односно написи посветени на моите песни, албуми, концерти, на целата моја кариера во период од 1980 година, па сѐ до денес. Покрај тоа, тука се и плакати, флаери, билети, фотографии, обвивки од касети и ЦД-а и уште многу други детали. Е, па, токму при прегледувањето на сите тие купишта документи, при барање нешто сосема друго, на мое големо задоволство ги пронајдов оригиналните текстови од овие два големи хита. Чувството беше како во рок од една секунда да се вратив во 1991 година, во истото студио, со истиот оној мирис на огромна младешка возбуда и еуфорија во создавањето нешто сосема ново“, рече Дарио.

„Јас и денес го гледам потполно истиот Дарио од тогаш, со истите идеали, истата петарпановска енергија, истиот непоправлив ентузијазам, истиот пркос и истиот романтизам… само многу поискусен и нумерички повозрасен за 35 години“, додаде кантавторот.

Интервју со Дарио Панковски: Случајно ги најдов оригиналните текстови на „Косоока“ и „Ладна како камен“, за миг се вратив во 1991 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот