ФОТО | Ниту маски, ниту дистанца: Граѓани го окупираа Основен суд 2 поради надоместокот за трето дете

Без никаков ред, на влезот на Основниот суд Скопје 2 претпладнево има навала на странки. Не се почитуваат рестриктивните правила кои предвидуваат држење дистанца, носење лична заштита и дезинфекција пред влезот во судската установа.

фото: Слободен печат

Од Судот во изјава за „Слободен печат“ велат дека гужвите се поради прибавување документи за надоместок за трето дете.

основен суд скопје 2 гужва
Фото: Слободен печат

„Кај нас во моментов, меѓу останатото, доаѓаат странки поради прибавување документи за надоместок за трето дете. Во таа постапка се издава и судски документ дека не е одземено родителското право на одредено лице  оттаму се создава целиот метеж.  Во објектот на судот се запазени сите протоколи и заштитни мерки, на влезот се мери и температура и има поставено дезинфициенси, но и покрај сите мерки кои ги преземаме за да нема групирање и пред објектот на судот дел од граѓаните истите не ги почитуваат.

Фото: Слободен печат

Поставивме и метални обрачи за да се канализираат сите странки со растојание, протоколите се огласени на секој чекор, а судската полиција и службениците од судот, како внатре, така и надвор апелираат да се почитуваат мерките, но тука запираат нашите надлежности и понатаму се останува на совеста на граѓаните“, велат од Судот.

Фото: Слободен печат

Станува збор за граѓани кои се уште имаат право да ја користат мерката за надоместок за трето дете, а дел од метежот го прават и пред банката во непосредна близина, каде решаваат да ја подмират уплатницата, додаваат од Основниот суд 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот