Маја Гроздановска - Панчева / Фото: Фејсбук/Маја Гроздановска - Панчева

ФОТО | Никој не би ѝ ги дал годините — Маја Панчева прослави роденден

Роденденска атмосфера, честитки од најблиските и многу емоции – Маја Гроздановска-Панчева го прослави својот 52. роденден.

Нејзината ќерка Марија Панчева преку инстаграм-приказна сподели момент од прославата, на кој Маја насмеана седи пред десерт со свеќичка, во опуштена атмосфера и со препознатливата ведрина.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Покрај семејната честитка, емотивна објава пристигна и од долгогодишна пријателка на пејачката, која сподели ретро-фотографија од нивната младост. На фотографијата, двете позираат прегрнати, а преку неа стои пораката: „Среќен роденден Мајалинке“, што потсетува на годините пријателство што ги поврзуваат.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Иако ретко открива детали од приватниот живот, роденденските објави покажаа дека овој ден го поминала во кругот на блиските, со многу љубов, насмевки и убави желби.

Инаку, Маја Гроздановска-Панчева со децении е дел од македонската музичка сцена и важи за една од најпрепознатливите пејачки, а покрај музиката, често привлекува внимание и со својот младешки изглед. Панчева внимава на своето здравје, па последниве месеци често објавува фотографии од сала, како рано наутро вежба пилатес.

Маја ги испеа хитовите „Мачка со девет животи“, „Сеедно не ми е“, „Нова планета“, „Ноќи без крај“, „Барбика“ и други, познати и по интересните видеоспотови. Таа долги години е вработена во хорот на Национална опера и балет.

„Вообичаено сум ранобудник. Обично станувам околу 6:30 часот и денот го започнувам со вежбање јога, а потоа се подготвувам за останатите активности.

Во принцип, мојот појадок се состои од една чаша природен сок, кој си го приготвувам навечер пред спиење и со него консумирам јаткасти плодови“, рече Маја за „Слободен печат“ во една прилика.

ФОТО | Убав повод за славење кај Панчеви, Маја ја сподели радоста

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот