ФОТО | Убав повод за славење кај Панчеви, Маја ја сподели радоста
Убав повод за славење имаше изминатиов викенд во семејството на Маја и Дарко Панчеви.
Препорачано
Нивната ќерка Надица прослави роденден, а пејачката објави семејни фотографии од прославата на социјалните мрежи.
Поп-пејачката сподели слики од Надица со роденденската торта и неколку семејни, со сопругот, помалата ќерка Марија, славеничката и нивните партнери. И двете ќерки на Маја и на Дарко се вистински убавици и многу наликуваат на мајка им.

Маја ги испеа хитовите „Мачка со девет животи“, „Сеедно не ми е“, „Нова планета“, „Ноќи без крај“, „Барбика“ и други, познати и по интересните видеоспотови. Таа долги години е вработена во хорот на Националната опера и балет.
Маја во една прилика за „Слободен печат“ долови како изгледа едно нејзино деноноќие.
„Вообичаено сум ранобудник. Обично станувам околу 6:30 часот и денот го започнувам со вежбање јога, а потоа се подготвувам за останатите активности.
Во принцип, мојот појадок се состои од една чаша природен сок, кој си го приготвувам навечер пред спиење и со него консумирам јаткасти плодови.
Не сум љубител на кафе, но сепак, најслатко ми е кога го пијам на работа со моите колешки.
На работа се задржувам по неколку часа, во зависност од големината на претставата или концертот кој е на тековниот репертоар“, рече пејачката.


