ФОТО+ВИДЕО | Невремето во Делчево остави пустош: Проголтани и раскопани улици, возила под вода, уништени насади

Фото: Фејбук

Во невремето во Делчево како што јавуваат локалните медиуми највеќе настрада Милково Брдо, каде граѓани јавуваат за поплавени објекти.

Фотографиите и видеата говорат за страшното невреме кое проголта улици и возила.

Фото: Фејсбук

За невремето информираа и од ЦУК.

„Од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), каде има поплавено повеќе од 60 објекти во населба Пролет, улица Индустриска. На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти. Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија“, велат од ЦУК.

Уништена е и дел од улицата „Вера Јоциќ“. Во повеќе населени места во градот, автомобилите се под вода.

Возилата на дел од улиците во Делчево не може да движат и таму сообраќајот е во застој.

Врнежите од град кои биле со големина на лешник предизвикале штети на дел од раноградинарските култури и на дел од овошните насади.

Од Општина Делчево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

ВИДЕО: Големо невреме со силен дожд и град го погоди Делчево, поплавени се десетина објекти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот