ФОТО | Неверојатен случај: Во Зоолошката градина во Тексас се роди бебе горила со царски рез

Фото: Facebook/ Fort Worth Zoo

Во Зоолошката градина во Тексас, САД, се роди критично загрозено бебе горила со царски рез, што е првпат во историјата на зоолошката градина, пишува „Гардијан“.

Бебето Џемила, горила од западната низинска област, било породено од тим медицински експерти на 5 јануари во зоолошката градина „Форт Ворт“, Тексас.

Мајката на младенчето Џамила, 33-годишната горила по име Секани, требала да се породи природно на почетокот до средината на февруари. Но, Секани брзо развила симптоми на прееклампсија, компликација на бременоста забележана кај луѓето и приматите што предизвикува висок крвен притисок.

Фото: Facebook/ Fort Worth Zoo

Плашејќи се за здравјето на Секани и нејзиното младенче, ветеринарниот тим на зоолошката градина одлучил дека Секани ќе мора да го роди своето бебе предвреме со царски рез.

„По тестирањето што ја потврди оваа дијагноза, утврдивме дека е неопходна интервенција за да се спаси Секани и да се даде на нејзиното неродено бебе најдобра шанса за преживување“, изјавил Џон Грифиоен, помошник директор за програми за животни и заштита на зоолошката градина, за време на прес-конференција.

Чуварите на зоолошката градина во „Форт Ворт“ брзо побарале помош од експерти за човечка гинекологија, бидејќи репродуктивните системи на приматите и луѓето се речиси идентични. Д-р Џејми Вокер Ервин, акушер и гинеколог од „Форт Ворт“, била консултирана да помогне во пораѓањето на Секани. Ервин собрала  тим кој помогнал да се роди бебето Џамила, вклучувајќи анестезиолог и неонатолог. И мајката и ќерката биле во добра здравствена состојба и покрај комплицираната процедура.

Фото: Facebook/ Fort Worth Zoo

„Ова е можност која се дава еднаш во животот…Обично оперирам луѓе“, изјавила Ервин.

По процедурата, чуварите на зоолошката градина обезбедиле соодветна грижа за Џамила, додека Секани закрепнувала од операцијата.

За жал, Секани не покажала интерес за повторно спојување со бебето Џамила. Но, чуварите на зоолошката градина во „Форт Ворт“ велат дека се во процес на обука на друга горила, 24-годишната Грејси, да се однесува како сурогат мајка на Џамила.

„Чуварите на зоолошката градина се надеваат дека Грејси ќе биде идеална сурогат мајка, покажувајќи мајчински однесувања кои ќе бидат неопходни за бебето да напредува: држење и носење на доенчето, заштита, соработка со чуварите на зоолошката градина за време на хранењето и учење на малечката за неопходните социјални вештини што ги треба да биде горила“, изјавил портпаролот на зоолошката градина во „Форт Ворт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот