ФОТО: Неговата обожавателка го славела 101-от роденден, а тој и испратил шишиња текила

Фото: Инстаграм

Американскиот актер Двејн Џонсон на својата обожавателка која го прославувала 101-от роденден, и направил изненадување, подарувајќи и две шишиња текила за роденденот.

Актерот на почетокот на годината го лансираше својот текила-бренд, а бабичката Мери Гловер која овој месец наполни 101 година и по пошта доби пакет изненадување од ѕвездата, заедно со честитка која лично ја напишал актерот.

Бабичката Мери е апсолутно воодушевена од подарокот, а „Карпата“ на својот Инстаграм профил сподели и слика од среќната старица како позира со шишињата славејќи го роденденот.

Притоа, тој ѝ посака уште многу години здравје и со лесно да го испие пијалакот.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот