ФОТО | Навивачите на Кристал палас протестираа на Вембли поради одлуката на УЕФА
Сезоната во Англија се отвора со натпреварот во Комјунити шилд помеѓу екипите на Кристал палас и Ливерпул, а по првото полувреме на „Вембли“ стадионот во Лондон води Ливерпул со 2:1.
Препорачано
Тоа што не сме навикнати во Англија да го гледаме се ултрасите и хулиганите кои се повеќе познати во Источна Европа, но и во одредени земји на Западот.
Многу време помина од т.н. закони за навивачите во Англија и оттогаш ситуацијата прилично се смири, но сега се случи нешто спротивно на Вембли.
Навивачите на Кристал палас некако се одвојуваат од останатите симпатизери на клубови во Англија, нешто слично на останатите европски клубови и нивните „ултраси“ носејќи на стадионите транспаренти и факели.
Сега навивачите на Кристал палас направија чекор напред и развија транспарент на кој пишуваше „УЕФА мафија“, а испод тоа е нивната препознатлива група Фанатикс.
Да потсетиме, Кристал палас минатата сезона го освои ФА купот и овој протест е поради тоа што екипата од Лондон има забрана за учество во европските натпреварувања.

Crystal Palace fans protesting against UEFA today.
“UEFA MAFIA” pic.twitter.com/t87vD8jxLM
— Football Away Days (@AwayDays_) August 10, 2025
Crystal Palace fans made their feelings clear about Uefa with this protest 😳 pic.twitter.com/u7V6lEZjk3
— BBC Sport (@BBCSport) August 10, 2025


