ФОТО | Најлудите модни креации кои ја одбележаа овогодинешната Мет Гала
Во Њујорк синоќа се одржа модниот настан Мат Гала, а овогодинешната тема беше „Позлатен гламур“. Мет Гала се одржува секој прв понеделник во мај.
Темата беше инспирирана од историскиот период од 1870 до 1900 година, кога Америка постигнала економски и индустриски напредок, а „Позлатениот гламур“ е пред се, референца на „американското позлатено доба“, пред се, во контекст на успехот и просперитетот.
Модниот свет, секако, најмногу го интересираше како славните личности одговорија на задачата, а на црвениот тепих и култните скали можевме да ги видиме најекстравагантните креации со потписите на најпрестижните модни куќи и дизајнери.
„Извртените“ комбинации и овој пат доминираа на настанот, а меѓу нив предничеше Џиџи Хадид во ребреста наметка, корсет и хеланки кои се потпишани од модната куќа „Версаче“. Кајли Џенер во венчаница со капа на главата, а со своите појави останаа забележани и дизајнерката Ајрис Ван Херпен и актерката Дејв Камерон.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во бизарна, кичеста креација се појави и манекенката и актерка Емили Ратајковски.
View this post on Instagram
Дизајнерот на модната куќа „Гучи“ Александро Мишел и актерот Џаред Лето дојдоа во идентични комбинации, а пејачката Гвен Стефани во дречавиот комлет на Вера Ванг секако беше многу забележлива.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram