ФОТО | „Најдете некој што ќе ве…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ сподели емотивна фотографија од семејниот дом

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската водителка Мина Наумовиќ и нејзиниот сопруг и колега Огњен Амиџиќ наскоро ќе го добијат своето прво дете. Мина ситно брои до породувањето, а трудничките денови ги поминува далеку од очите на јавноста, во нивниот семеен дом.

Убавата водителка сега сподели фотографија од нивниот дом и ги разнежни своите многубројни следбеници на Инстаграм. Имено, идната мајка го сликала нивниот миленик, кучето Чак како гледа во Огњен. Мина била воодушевена од глетката, па затоа додала и емотивен коментар.

„Најдете некој кој ќе ве гледа како Чак што го гледа Огњен“, напишала водителката.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, познатиот српски водител Огњен Амиџиќ и неговата сопруга и колешка Мина Наумовиќ наскоро ќе станат горди родители. Огњен и Мина чекаат девојче, а водителката откри дека е подготвена за породување.

Огњен неодамна одговараше на прашањата на своите следбеници на Инстаграм, а нив ги интересираше дали одлучиле како ќе се вика нивната ќерка.

„Како ќе се вика бебето?“, гласело прашањето.

„Ќе кажам ако Мина дозволи. Сакавме, ако е ќерка, да ја викаме Миша, но подоцна најдовме нешто подобро“, одговорил водителот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот