Screenshot/X

ФОТО: На Марсеј му го честитаа пласманот во нокаут-фазата, а на крај испаднаа поради „чудото“ во Лисабон

Последното коло од првиот дел од Лигата на шампионите донесе вистинска драма, а потегот на голманот на Бенфика во 98. минута од натпреварот против Реал Мадрид не ги израдува сите.

Бенфика до самиот финиш водеше со 3-2 против „кралевите“, но тој резултат не беше доволен за пласман во нокаут-фазата. Бидејќи сите останати натпревари во тој момент веќе беа завршени, на португалскиот тим му беше потребен уште еден гол за, благодарение на подобрата гол-разлика, да обезбеди место како последна екипа во плејофот за осминафиналето.

Токму тогаш на сцена стапи голманот Анатолиј Трубин, кој буквално во последните секунди постигна гол за 4-2 и ја однесе Бенфика меѓу тимовите што продолжуваат во елиминациската фаза. Тој погодок, сепак, не беше причина за радост кај сите, бидејќи поради него Марсеј остана без пласман понатаму.

Францускиот гигант претходно загуби на гостувањето кај Клуб Бриж со 3-0, но и покрај поразот со нетрпение го очекуваше крајот на дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, надевајќи се на поволен исход. Прославата отиде толку далеку што на големиот екран на стадионот во Бриж беше објавена честитка за Марсеј за наводниот пласман понатаму.

„Честитки за пласманот понатаму, Олимпик Марсеј“, стоеше на видеобимот, но белгискиот клуб очигледно не бил информиран дека натпреварот во Лисабон сè уште не е завршен и дека Бенфика има уште шанса. Овој џентлменски гест на крајот се претвори во дополнителна горчина за навивачите и фудбалерите на францускиот клуб.

ВИДЕО: Голманот на Бенфика во 97-ма минута му даде гол на Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот