Фото: Инстаграм

ФОТО | На ист натпревар во Британија: Ќерката станала мис, а мајката прва придружничка

Ејми Мејсак (29) од Шкотска победи 37 натпреварувачки и ја освои титулата Мис на изборот во Лестер на крајот на октомври. На истиот настан, нејзината мајка Лори (60) заврши како прва придружничка во натпреварот под назив „Г-ѓа Велика Британија класик“ (Ms Great Britain Classic).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Great Britain ??? (@amymeisak)


Лори, мајка на четири деца, изјави за емисијата „Добро утро Шкотска“ на „Би-би-си“ дека конкуренцијата ѝ ја вратила самодовербата и дека „ужива во животот“. Но, таа призна дека се двоумела да се пријави поради нејзината возраст.

– На мои години често се појавува сомнежот „треба или не треба?“, но знаете што? Обожавам да бидам во овие години – изјави таа.

– Мислам дека откако некој ќе има четири деца или колку деца да имате, малку ја губите самодовербата, а овој натпревар дефинитивно ми ја врати – објасни таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Great Britain ??? (@amymeisak)


Нејзината ќерка Ејми, инвеститор во недвижности, изјавила дека со години учествувала на избори за убавина и дека нејзината мајка секогаш ѝ давала голема поддршка.

– Мајка ми секогаш доаѓаше со мене на изборите и секогаш навиваше за мене – рекла таа.

– Ги познаваше сите мајки на другите девојки кои исто така учествуваа на натпреварот и го сакаше сјајот и гламурот на изборот. Ѝ реков дека треба да се пријави на натпревар за убавина и, ако добро се сеќавам, мислам дека ми одговори: ‘Па, ако го направиш тоа, ќе го направам и јас’ – рекла мисицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miss Great Britain ??? (@amymeisak)


И Ејми и Лори веруваат дека изгледот не е единственото нешто што е важно на изборите. Тие рекле дека тоа е средина каде жените меѓусебно се поддржуваат. А Ејми додала дека изборите позитивно се одразиле на неа и ѝ овозможиле да запознае некои од своите најблиски пријатели.

Ејми рекла дека изминатите 12 месеци биле „вистински предизвик“ за нејзиното семејство. На почетокот на оваа година ѝ била дијагностицирана автоимуната болест лупус, а нејзиниот дедо со кој била многу блиска починал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Laurie Meisak (@lauriemeisak1)


Ејми споделила дека натпреварот вклучува различни категории и дека верува дека се издвојува од толпата затоа што дизајнирала работилница за зајакнување на жените наречена „Limitless“. Со неа таа сака да ги поддржи жените давајќи им ги алатките и вештините што им се потребни за да ги надминат различните животни предизвици.

По нивниот успех на изборот за убавина, Ејми и Лори не се сигурни дали повторно ќе се натпреваруваат, но и двете велат „никогаш не вели никогаш“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот