ФОТО: На 72-риот роденден на Вера Венг луѓето уште ѝ се чудат на младоликоста

вера венг

Славната дизајнерка на венчаници Вера Венг, на својот инстаграм-профил објави фотографии од прославата на нејзиниот 72 роденден и ги воодушеви обожавателите со својот младешки изглед, пренесува „Today“.

Облечена во неонски жолт фустан, Венг ја поминала ноќта со своите шеесет гости и уживала во настапот на легендарниот имитатор на пејачката Шер, Стивен Андраде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)

На нејзиниот инстаграм – профил сподели фотографии од забавата на која може да се види Вера како танцува и пие алкохол со гостите, а тоа што привлекува внимание е нејзината беспрекорна линија и младешкото лице, за кои добила еден куп комплименти.

„Изгледате 50 години помладо“, „Не верувам дека имаш 72 години“, .„Убеден сум дека ја најдовте фонтаната на вечна младост“, се само дел од коментарите на обожавателите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VERA WANG (@verawanggang)

Ова не е првпат дизајнерката да ги шокира луѓето на интернет со својот изглед. Во мај минатата година, нејзините фотографии започнаа да кружат на „Твитер“, а корисниците не можеа да го сокријат неверувањето со фактот дека е родена во 1949 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот